Бебе тигар испратено по брза пошта до …
Инспекторите во Мексико пронашле бебе тигар , кое некој сакал да го прати по брза пошта .
Никој не се посомневал дека во пакетот можело да има тигар , се додека не го намирисале кучињата – трагачи. Бебето тигар било под седативи и спакувано во пластична кутија.Пакетот бил пратен од западната држава Џалиско и требало да стигне на приватна адреса во централната Мексиканска држава Керетаро. Бебето било дехидрирано , но здраво и им било предадено на службите за згрижување диви животни .
Имињата на испраќачот и на примателот на пакетот не се соопштуваат.
Случајот е под истрага на полицијата.

Comments
Post a Comment